Научи и примени ја
Обновливата енергија
Зелена енергија
Обновливите извори на енергија се секогаш на располагање и тие нема да исчезнат. Тие постојано се обновуваат. Енергијата добиена од обновливите извори ја нарекуваат зелена енергија.
Органски обновливи
Некои од обновливите извори на енергија може да се заменат, за тоа ќе бидат потребни многу години. Ако обновливите извори на енергија доаѓаат од живи суштества, тие се нарекуваат органски обновливи извори.
Неоргански обновливи
Ако обновливите извори на енергија не доаѓаат од живи суштества (како што се вода, сонце и ветер), тие се нарекуваат неоргански обновливи извори. Водата, ветрот, сонцето и биомасата се извори на енергија достапни во природата.
Нова технологија
Искористувањето на моќта на природата долго време се користи за греење, транспорт, осветлување и многу повеќе. Ветерот ги напојува чамците да пловат по морињата и ветерниците за мелење жито. Сонцето обезбеди топлина во текот на денот и помогна да се разгорат огновите да траат до вечерта.
Намалување на CO2
Користењето на обновливите извори на енергија има клучна улога во намалувањето на јаглерод диоксид (СО2) кој во големи количини се испушта во атмосферата. Непосредните климатски промени резултира со експоненцијален пораст во користење на обновливите изори на енергија.
Енергетска иднина
Обновливите извори на енергија се клучна компонента на одржливата енергетска иднина. Овие извори на енергија се изобилни, сигурни и одржливи, за разлика од необновливите извори како фосилните горива, кои се конечни и штетни за животната средина.
Видови на обновлива енергија
ќе се запознаеме со следните:
сончева енергија, ветерна енергија, хидроелектрична енергија, геотермална енергија, енергија на биомаса, биогорива…
Развојот на обновливите извори на енергија е важен од неколку причини
голема улога во намалувањето на јаглерод диоксид во атмосферата;
со зголемување на уделот, се помага во енергетската издржливост на системот и во подобрување на сигурноста на доставување на енергијата;
се очекува обновливите извори да им бидат конкурентни на конвенционалните извори на енергија.
